news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Конкурс: Младински активизам преку креативност (СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје)

shqip

  • Креативен конкурс
  • Шанса да освоиш награда 
  • Кино вечер и дружење

Драги активисти и креативци од СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје,

Институтот за човекови права (ИЧП) објавува конкурс на тема „Инклузија и почитување на различностите“! Целта на овој конкурс е да се поттикне свеста и дијалогот за важноста на инклузивноста, различноста и еднаквоста преку уметноста на средношколците. Вашата креативност е катализатор за промени и славење на различните културни и јазични обележја во нашата држава.

Насоки за учество:

- Учесниците мора да создадат уметнички дела што ја одразуваат темата „Инклузија и почитување на различностите“ и да ги истражуваат концептите на мултиетничност, инклузивност, различност, еднаквост и социјална кохезија.
- Пријавите мора да бидат оригинални дела создадени од самите ученици.
- Учесниците може да изберат кој било традиционален или дигитален медиум за нивните уметнички дела, на пример слика, фотографија, дигитален дизајн, скулптура, дигитална уметност/графика, мешани медиуми, поема, краток расказ и друго.

Како да се пријавите на конкурсот?

- Испратете ни дигитална фотографија со висока резолуција од вашето уметничко до Институтот за човекови права (ihr@ihr.org.mk или marija.chekredji@ihr.org.mk), најдоцна до 2.6.2024.
- Секој учесник треба да вклучи кратка биографија за себе и кратко објаснување на инспирацијата зад уметничко дело и поврзаноста со темата „Инклузија и почитување на различностите“.

ИЗБРАНИТЕ УЧЕСНИЦИ ЌЕ ИМААТ ШАНСА ДА ОСВОЈАТ НАГРАДА! > БЕЗЖИЧНИ СЛУШАЛКИ (APPLE AIRPODS)

Кога ќе биде објавен победникот?

- Избраните учесници ќе треба да ги доставата своите физички дела до Институтот за човекови права за изложбени цели.
- Вашите уметнички дела ќе бидат изложени на настанот „Активизам преку креативност“, организиран специјално за вашето училиште пред крајот на учебната година.
- Победникот на конкурсот ќе биде објавен на настанот „Активизам преку креативност“.

Што може да очекувате од настанот „Активизам преку креативност“? 

Специјално за вашето училиште, Институтот за човекови права организира кино вечер и дружење.  Ќе имате шанса да гледате филм кој ќе ве инспирира и насмее, но во исто време ќе ве замисли за тоа како можат младите да бидат катализатори на позитивни промени во училиштето и во општеството.

Ве покануваме да дојдете да се дружиме на кино вечер и да ги поддржите вашите соученици. Ќе можете да гледате филм, да уживате во добра храна, да гласате за вашата омилена уметничка креација и да дознаете кој е победникот на конкурсот!

За да присуствувате на настанот, пријавете се со пополнување на оваа форма: https://forms.gle/fZ9UFKEzGRhiEtCNA
Местата се ограничени!

Кога? 4.6.2024 (вторник)
Каде? Public Room
Во колку часот? Почнуваме во 18:00 часот

Доколку имате некои прашања, слободно пишете ни или јавете ни се. Можете да нѐ контактирате преку следните канали:

  • Instagram: @instituteforhumanrights
  • Facebook: Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR
  • marija.chekredji@ihr.org.mk
  • 02 3243 331
project-img