2020 година наметна глобален мултидимензионален предизвик кој го стави на тест почитувањето на човековите права и ја издигна потребата за заштитата и унапредувањето на овие права. Институтот за човекови права и оваа година особено делуваше кон исполнување на својата мисија и во таа насока, со цел одбележување на Денот на човековите права во ваква исклучително тешка година во која воедно се одбележува и 70 години од потпишувањето на Европската конвенција за човекови права, организираме низа на настани.
Конференцијата „Човекови права за сите“ која се одржа на 16.12.2020 г. на онлајн платформата ZOOM и со студио во Europe House Skopje беше вториот од трите настани по повод одбележувањето на Денот на човековите права од страна на Институтот за човекови права и е организиран во рамките на истоимениот проект финансиски поддржан од страна на Европската Унија во рамките на Оперативната поддршка.
На настанот беа дискутирани неколку теми од областа на човековите права со особен фокус на пристапот заснован на човекови права, состојбата на човековите права во време на пандемијата и пристапот до бесплатна правна помош. Дополнително беа промовирани и дел од активностите и продуктите на проектот „Човекови права за сите“ како Методологиите за примена на пристапот заснован на човекови права за институции, за граѓанските организации и за бизнис секторот, и обуките за овој пристап како и Извештајот за состојбата на човековите права во нашата земја.
На настанот свои поздравни обраќања имаа претседателката на Институтот за човекови права – Маргарита Цаца Николовска, Фрејк Јанмат – раководител на сектор во Делегацијата на Европската Унија и ВД Државниот секретар при Министерство за правда – Фросина Тасевска,
Низ настанот свои експертски излагања имаа претставничката на престижниот Институт за човекови права Лудвиг Болцман на Agnes Taibl, Томислав Ортаковски кој е автор на Методологијата за примена на пристапот заснован на човекови права за граѓански организации, Мартина Смилевска Кчева која беше дел од обучувачите на обуките за пристапот заснован на човековите права и Оливер Алексов, правен советник за бесплатна правна помош во Институтот за човекови права.
Проектот „Човекови права за сите“ е поддржан од Европската Унија