news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Каравани за информирање и едукација на граѓаните како дел од проектот за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет

Во рамките на проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, на ден 23ти мај (четврток) во Струмица се одржа првиот настан од низата настани, каравани, поврзани со промоција на толеранција и прифаќање, превенција и заштита од дискриминација со фокус на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Овие каравани се наменети за сите граѓани, особено за оние кои немаат онлајн пристап, а кои сакаат дополнително да се информираат и да се здобијат со поголемо разбирање за заштитата од дискриминација со фокус на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Институтот за човекови права низ овие каравани се залага за  подигнување на свеста на граѓаните а со цел препознавање на дискриминацијата и нетолеранцијата како и механизмите кои тие може да ги применат за да делуваат против истата.

project-img project-img