news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

ИЗВЕШТАЈ: ОНЛАЈН ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО (САЈБЕР БУЛИНГ) ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 ги извади на површина проблемите со врсничко насилство во средните училишта, особено со онлајн врсничко насилство (сајбер-булинг). Toa е широко распространето меѓу учениците од средните училишта, при што неколку случаи завршија трагично, притоа јавноста нема впечаток дека се преземаат дејствија за да се истражат причините за трагичните настани. 

Резултатите од претходните истражувања на Институтот за човекови права покажуваат дека девојчињата се главната цел и жртви на онлајн врсничко насилство и оваа негативна појава мора да се искорени. Дополнително, многу ученици и родители не добиваат соодветна и потребната помош при пријавување случаи на врсничко насилство, особено онлајн врсничко насилство. Ова е показател дека сите засегнати страни – ученици, наставници, психолози и педагози треба отворено да зборуваат за врсничко насилство и, што е најважно, да им се помогне на учениците да препознаат и пријават врсничко насилство во училиштата.

За да се зголеми бројот на пријави на врсничкото насилство, особено онлајн врсничко насилство, кое се случува на социјалните мрежи далеку од училиштата, но со последици кои се присутни насекаде и во секој аспект од животот на жртвите, учениците мора прво да научат соодветно да ги препознаваат сите форми на онлајн врсничкото насилство. 

Во февруари, ИЧП спроведе анкета со средношколци од 18 училишта од целата држава на тема „Онлајн врсничко насилство (сајбер-булинг) во средни училишта во Северна Македонија“. Главните податоци и разултати од анкетното истражување се сумирани во „Извештај од анкетно истражување: Онлајн врсничко насилство (сајбер булинг) во средни училишта во Северна Македонија.“ Овој документ ги презентира резултатите од анкетното истражување на ставовите, перцепциите и постоењето онлајн врсничко насилство помеѓу учениците во средните училишта на целата територија на Северна Македонија. Анкетата е реализирана за потребите на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчињата“, кој го реализира Институтот за човекови права, а финансиски е поддржан од Кандската амбасада во Белград. 

Извештајот од анкетното истражување е достапен тука. > Izveshtaj_anketa.pdf

Целосното анкетно истражување е достапно тука. > Rezultati_anketa_compressed.pdf

project-img