Во рамките на проектот „Младински активизам за инклузивно општество“, кој се спроведува како дел од проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ (финансиран од Европската Унија и спроведуван од УНДП), Институтот за човекови права (ИЧП) организираше серија трибини со средношколци на тема „Инклузивно образование“.
Општата цел на дискусиите беше да се поттикнат учениците критички да размислуваат за придобивките и предизвиците на образованието во мултиетничка средина, како и да споделат идеи за иницијативи кои промовираат различност, инклузија и меѓуетнички дијалог.
Прочитајте ги главните наоди и препораки кои произлегоа од трибините:
#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans
-----------------------
Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).