news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

Фокус група во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола

На ден 29.01.2024 година, Институтот за човекови права спроведе фокус група во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола, во рамки на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчиња“ финансиран од Kанадска амбасада во Белград. Проектот има за цел да го намали и спречи булингот и сајбер булингот врз девојчињата во Северна Македонија преку едукација на младите.

Во фокус групата учествуваа 20 ученички од прва до четврта година од наведеното училиште. Целта на фокус групата е да се добие увид за тоа колку средношколките се запознаени со онлајн насилство, какви се нивните искуства, и кои се нивните мислења дали девојчињата се почесто жртви на онлајн насилство и зошто. 

Во рамки на проектот предвидено е спроведување на две фокус групи во Битола и Штип , три дискусии во средни  училишта на територија на град Скопје и анкета спроведена во средни училишта од повеќе општини во осум региони на територијата на Република Северна Македонија. 

Резултатите од фокус групата и анализата на анкетата ќе бидат дополнително објавени.

project-img project-img