news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

Едукативна работилница во СУГС „Никола Карев“ - Скопје

На ден 12.02.2024 година, Институтот за човекови права спроведе едукативна работилница (дискусија) во СУГС Гимназија „Никола Карев“ во Скопје, во рамки на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчиња“ финансиран од канадска амбасада во Белград. Проектот има за цел да го намали и спречи булингот и сајбер булингот врз девојчињата во Северна Македонија преку едукација на младите.

На настанот учествуваа 27 ученици од соодветно училиште. Преку дискусија со учениците најнапред беа дефинирани поимите врсничко насилство/булинг и сајбер булинг преку соодветни примери од реалноста. Потоа преку прашања и примери се дискутираше на темата дали девојчињата почесто се мета на онлајн насилство и кои се неговите последиците на страна на жртвата и на сторителот. На крајот беше објаснето како може да се превенира и каде може да се пријави булинг и сајбер-булинг.

project-img project-img project-img