news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

Едукативна работилница во СУГС „Орце Николов“ во Скопје

На ден 07.02.2024 година, Институтот за човекови права спроведе едукативна работилница (дискусија) во СУГС Гимназија„Орце Николов“во Скопје, во рамки на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчиња“ финансиран од Kанадска амбасада во Белград. Проектот има за цел да го намали и спречи булингот и сајбер булингот врз девојчињата во Северна Македонија преку едукација на младите.

На настанот учествуваа 20 ученици од соодветно училиште. Преку дискусија со учениците најнапред беа дефинирани поимите врсничко насилство/булинг и сајбер булинг преку соодветни примери од реалноста. Потоа преку прашања и примери се дискутираше на темата дали девојчињата почесто се мета на онлајн насилство. На крајот беше објаснето како може да се превенира и каде може да се пријави булинг и сајбер-булинг, по што беше направена практична вежба како да се пријави врсничко насилство на социјалните мрежи.

project-img project-img