news-bg

Новости

Проект:
БОРБА ПРОТИВ САЈБЕР БУЛИНГ ВРЗ ДЕВОЈЧИЊА

Едукативна работилница во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје

На ден 02.02.2024 година, Институтот за човекови права спроведе едукативна работилница (дискусија) во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, во рамки на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчиња“ финансиран од Канадска амбасада во Белград. Проектот има за цел да го намали и спречи булингот и сајбер булингот врз девојчињата во Северна Македонија преку едукација на младите.

Дискусиите имаат за цел да ги едуцираат средношколците за што е билинг и сајбер булинг, како да се заштитат и каде да го пријават и исто така да им се даде простор на учениците да ги споделат своите искуства и преку дискусија да откриеме колку се запознаени со сајбер булинг.

На настанот учествуваа 25  ученици од соодветно училиште. Преку дискусија со учениците најнапред беа дефинирани поимите врсничко насилство/булинг и сајбер булинг преку соодветни примери од реалноста. Потоа преку прашања и примери се дискутираше на темата дали девојчињата почесто се мета на онлајн насилство. На крајот беше објаснето како може да се превенира и каде може да се пријави булинг и сајбер-булинг, по што беше направена практична вежба како да се пријави врсничко насилство на социјалните мрежи.

project-img project-img project-img