news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ

Дводневна обука за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет бр. 2

Заврши дводневната обука во рамките на проектот „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ одржана на 11ти и 12ти (вторник и среда)  јуни во Велес.

Во фокусот на оваа обука беше новиот закон Закон за спречување и заштита од дискриминација каде што сексуалната ориентација и родовиот идентитет за прв пат експлицитно се наведени како основи за дискриминација па оттука и потребата за воспоставување конкретна позитивна пракса во случаи на дискриминација врз овие основи.  Целта на оваа обука беше градење на капацитетите на граѓаните со цел препознавање на овие две основи и нивна практична примена.

project-img project-img project-img project-img project-img