news-bg

Новости

Проект:
ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 2018

Документарниот филм „Еднакви“ прикажан и во средните училиште на територија на Град Скопје

Како дел од проектот „Вечери на женски права“ беше и прикажувањето на филмот „Еднакви“ во голем дел од средните училишта на град Скопје и тоа:

Во Општина Центар средните училишта „Јосип Броз Тито“ – гимназија и

„Д-р. Панче Караѓозов“- стручно медицинско училиште

Во Општина Ѓорче Петров гимназија и стручно училиште „Кочо Рацин“;

Во Општина Кисела Вода средното училиште „Васил Антевски Дрен“  - стручно училиште.

Во Општина Аеродром средно стручно училиште „Димитар Влахов“,и „Марија Кири Склодовска“ гимназиско и стручно училиште;

Во Општина Карпош средните училишта „Никола Карев“ - гимназија и „Лазар Танев“ - стручно училиште;

Во Општина Гази Баба средни училишта „Панче Арсовски“- гимназија и „Боро

Петрушевски“ –стручно училиште;

Во Општина Бутел средни училишта „Арсен Јовков“ – стручно училиште

Во Општина Шуто Оризари средно училиште „Шаип Јусуф“

Во Општина Чаир средно училиште „Цветан Димов“.

Во училиштата имавме презентација во време траење од 45 минути од кои 25 минути беше посветенио на гледање на филмот, а останатото време се одвиваше интерактивна дискусија со средношколците за женските права и родовата рамноправност.

Исто така беа изработени илустративни постери за човековите права со цел основно запознавање на со човековите права на сликовит начин.

Активно учество во гледање на документарниот филм и интерактивната дискусија земаа речиси 300 средношколци на територијата на Град Скопје.