news-bg

Новости

Проект:
УСТАВНИОТ СУД - ЗАШТИТНИК НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

Длабинска Анализа: Уставен суд на Република Северна Македонија, искуства и перспективи

Уставните судови се посебни уставни органи кои како своја надлежност ја имаат контролата над уставноста, а некаде и на законитоста. Како резултат на оваа нивна значајна улога во политичките системи на државите тие претставуваат клучен елемент на конституционализам кој претставува противтежа (ограничување) на парламентарната супрематија и извршната власт во процесот на остварувањето на државната власт и за воспоставување систем на “уставна демократија“ заснован на супрематија на Уставот. Во оваа смисла, една од основните функции на уставните судови е да го обезбедат важењето на темелниот принцип на поделбата на власта на законодавна, извршна и судска во едно демократско општество, односно да ги контролираат и да ги држат носителите на овие власти во границите на нивните уставни прерогативи, заради остварување и развој на демократското општество засновано на владеење на правото и човековите права.

Уставното судство во Македонија постои речиси шест децении. Првиот уставен суд, како посебна институција на уставниот поредок за контрола на уставноста на законите и уставноста и законитоста на другите општи акти, е воведен со Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година. Започнал со работа на 15 февруари 1964 година. Неговата организациска поставеност, неговата надлежност и постапките за извршување на работите од неговата надлежност биле поблиску уредени со посебен закон. Тоа е законот за Уставниот суд на Македонија, кој е донесен кон крајот на 1963 година, а влегол во сила на 30 јануари 1964 година. Уставниот суд, во согласност со надлежноста, вршел дополнителна a posteriori или условно репресивна контрола на уставноста на законите, со носење одлуки кои имале правно дејство на констатација за неуставноста на законот, а во случај парламентот да не го усогласи законот во рок 6 месеци, Уставниот суд, со нова одлука, констатира дека законот престанува да важи. Уставниот суд имал право да донесува укинувачки и поништувачки одлуки за подзаконските акти кои биле во спротивност со Уставот и законите, а исто така имал право да одлучува и за заштита на правото на самоуправување и на другите основни човекови права утврдени со Уставот на Југославија.


Целосната длабинска анализа на македонски е достапна тука.

Целосната длабинска анализа на албански е достапна тука.

Целосната длабинска анализа на англиски е достапна тука.