news-bg

Новости

Проект:
НАМАЛУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ СТЕРЕОТИПИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Дигитален курс - Обука на наставници

Родово сензитивно училиште е училиште, во кое академската, социјалната и физичката средина ги имаат предвид специфичните потреби на девојчињата и момчињата. Ова значи дека сите клучни фактори во училиштето – училишното раководство, наставниците, учениицте, родителите и другите засегнати страни во образованието ги разбираат образовните принципи и практики што промовираат родова еднаквост.

Овој курс е наменет за наставници и стручен кадар и има за цел нивно воведување и запознавање со родово сензитивен пристап во училиштата. Со овој курс, наставниците и стручниот кадар ќе стекнат основни вештини за:

  • Запознавање со родовите концепти, препознавање и справување со родовите стереотипи, родово базирана стигма и дискриминација во училиштето;
  • родово сензитивен пристап кон предавањето и користењето на наставните материјали и
  • препознавање на родово засновано насилство и постапување при родово базирани настани во училиштето.

Курсот е достапен на Академијата на Институтот за човекови права.

project-img