news-bg

Новости

Проект:
ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА СИТЕ

Бесплатна правна помош


Институтот за човекови права се залага за обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права. За таа цел Институтот за човекови права се регистрираше за давање на примарна правна помош. Оваа активност се спроведува со цел овозможување на пристап до правда на сите граѓани, а особено на оние граѓани кои припаѓаат на маргинализирани групи и кои не се во можност да се застапуваат сами ниту да си овозможат стручна помош за да остварат одредено право.

Доколку ви е потребно обезбедување на примарна правна помош за остварување на одредено право Ве молиме контактирајте не преку следниот формулар или подолу во оваа објава.

Согласно Законот за бесплатна правна помош, примарна правна помош опфаќа:

- иницијален правен совет за правото на користење на бесплатна правна помош,

- општа правна информација,

- општ правен совет,

- помош при комплетирање на барањето за секундарна правна помош,

- помош при пополнување на формулари, обрасци издадени од управен орган во управна постапка за социјална заштита и заштита на правата на децата; пензиско, инвалидско и здравствено осигурување; заштита на жртви на родово базирано насилство и семејно насилство; постапка за упис во матична книга на родени; стекнување со документи за лична идентификација и државјанство,

- составување на претставки до Комисијата за заштита од дискриминација и до Народниот правобранител и барања за заштита на слободи и права до Уставниот суд.