news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

БАРАЊЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГА – ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ, УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА РАБОТНА ПРОСТОРИЈА/САЛА ЗА ТРИ ДВОДНЕВНИ ОБУКИ

За потребите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“, имплементиран од Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ во партнерство со Институтот за човекови права ИЧП, спроведуван во рамки на IPA 2020 EU FOR RULE OF LAW – EU support for Enhancing Journalists Rights”, a финансиран од Европска Комисија, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, објавува:

Барање за доставување на понуди за обезбедување на услуга – хотелско сместување, угостителски услуги и изнајмување на работна просторија/сала за три дводневни обуки.

Услугата треба да опфаќа:

  • Хотелско сместување, угостителски услуги и изнајмување на сала за време на три  дводневни обуки:
  • Прва обука

Времетраење: 2 дена – едно ноќевање (во текот на месец октомври-ноември/датумот дополнително ќе биде одреден);
ден 1: ручек, вечера и две кафе паузи;
ден 2: доручек, ручек и кафе пауза;
Сала за одржување на обуката
Очекуван број на учесници: најмногу до 26

  • Втора обука

Времетраење: 2 дена – едно ноќевање (во текот на месец октомври-ноември/датумот дополнително ќе биде одреден);
ден 1: ручек, вечера и две кафе паузи;
ден 2: доручек, ручек и кафе пауза;
Сала за одржување на обуката
Очекуван број на учесници: најмногу до 26

  • Трета обука

Времетраење: 2 дена – едно ноќевање (во текот на месец октомври-ноември/датумот дополнително ќе биде одреден);
ден 1: ручек, вечера и две кафе паузи;
ден 2: доручек, ручек и кафе пауза;
Сала за одржување на обуката
Очекуван број на учесници: најмногу до 26

КРИТЕРИУМИ

Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот „најниска понудена цена“.
Во прилог на понудата треба да се достави и следната документација:

  • Тековна состојба на добавувачот не постара од шест месеци;
  • Прилог 1: Формулар за понуда
  • Прилог 2: Изјава од овластеното лице за непостоење на услови за исклучување на добавувач.

Понудата се доставува во затворен коверт до архивата на Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ (бул. Браќа Гиноски бр. 61 1230 Гостивар) или скенирана преку е-пошта community.mediadev@gmail.com.
Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печат и со потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот“.
На надворешната страна на ковертот наведете: ,,За тендер Реф. Бр. 0503-143“ и текстот “Да не се отвора пред сесијата за евалуација”.
Доколку понудата се праќа преку email, документите со печат и со потпис, мора да се скенирани.
Понудата треба да се достави во рок од 5 работни дена, но не подоцна од 07.09.2023 година (четврток), до 16:00 часот.
Сите понудувачи кои доставиле понуди и ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој добавувач може да учествува само со една понуда.

Подетален опис на бараната услуга, условите за аплицирање, како и потребната документација може да најдете во прикачената тендерска документација.
Повик за сместување, угостителски услуги и сала
Барање за доставување на понуди
Упатство за оценување и избор

Во прилог ви ја доставуваме и потребната документација на располагање:
Прилог 1. Формулар за понуди
Прилог 2. Изјава за за непостоење на услови за исклучување на добавувач