Анализата на пристапот до административна социјална правда во Република Северна Македонија ги утврдува тековните состојби поврзани со пристапот до административна социјална правда особено во контекст на правата од социјална заштита, правата од пензиско и инвалидско осигурување и правата од здравствено осигурување.
Во анализата се разгледува:
- правната рамка за остварување на социјалните права во управната постапка,
- институционалната рамка за остварување на социјалните права (кои институции постапуваат во управна постапка),
- практиката на управното судство, како и
- системските проблеми кои евентуално постојат.
Анализата цели да даде одговор на следниве прашања:
- дали правната рамка за остварување на социјалните права е соодветна, дали и како може да се подобри и
- како да се неутрализираат, на долг рок, системските проблеми поврзани со остварувањето и заштитата на социјалните права, особено земајќи го решавањето за овие права во управните постапки и управните спорови.
Анализата е достапна на македонски јазик. Достапно е и резиме на албански и англиски јазик.