news-bg

Новости

Проект:
ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ПРИДОНЕС КОН ИЗРАБОТКА НА НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2022

АНАЛИЗА: СЕОПФАТНА ОЦЕНА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР (2017-2022)

Периодот планиран за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (Стратегијата) започна во 2017 година, а завршува во 2022 година. Блупринт-групата редовно го следеше спроведувањето на Стратегијата во изминатите години и годинава, а и активно подготвуваше анализи, извештаи и други документи со кои ѝ ги презентираше наодите од мониторингот на јавноста и ги приближи граѓаните поблиску до процесот на реформа на правосудниот сектор. Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата (Анализата) има цел да даде сеопфатна и независна оцена на овој процес и да понуди препораки врз основа на наодите, кои би можеле да се вметнат во следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

Анализата е достапна на македонски и албански јазик. 

project-img project-img