Донатор: Европска Унија
Времетраење: од 03.01.2023 до 03.01.2025
Овој проект го спроведува Центарот за развој на медиумите на заедниците "МЕДИУМ" во партнерство со Институтот за човекови права.
Општа цел
Зајакнување на капацитетот и промовирање на професионалните стандарди на локалните новинари.
Специфични цели:
- Да се зајакнат капацитетите на локалните новинари, особено од етничките малцинства, да практикуваат истражувачко новинарство, дигитална и медиумска писменост, како и стандардите за човекови права во нивната работа;
- Да се зајакнат капацитетите на студентите по новинарство за професионален развој и креативно изразување во медиумите;
- Да се подобри влијанието и соработката помеѓу локалните граѓански организации и локалните медиуми за промовирање на правата на новинарите, поттикнување на борбата и реагирањето на сите форми на насилство против новинарите, промовирање на професионалните стандарди и слобода на говорот.
Предвидени активности:
- Фокус групи и проценка на потребите за решавање на специфични развојни потреби и слабости на локалните медиуми;
- Подготовка на квантитативен и квалитативен методолошки пристап за добивање податоци и спроведување на истражување на актуелната ситуација со локалните медиуми и нивните предизвици;
- Развој на функционалната анализа, објавување и дисеминација на извештајот;
- Развој на Водич за пристап заснован на човекови права во медиумската работа;
- Обука за медиумските работници според слабите точки на дејствување каде што е потребна експертиза, споделување на знаењето и добрите практики – професионални стандарди, стандарди за човековите права при известувањето, права на интелектуална сопственост, работнички права и друго;
- Практикантска работа за студентите во локалните медиуми;
- Менторска поддршка од страна на медиумите за студентите по новинарство;
- Регрантирање - Акции спроведени од локалните граѓански организации за промоција на важноста на новинарската професија;
- Поддршка за имплементацијата на најмалку 4 локални новинарски иницијативи/кампањи.
Целни групи:
- Локалните медиуми од проектните општини;
- Сопствениците;
- Уредниците;
- Новинарите и медиумските работници;
- Граѓански организации;
- Студенти по новинарство.