ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА - Повик за предлог проекти во рамките на проектот „ЗАЕДНО ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО“
За заинтересираните кандидати, Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ, во партнерство со Институтот за човекови права, ќе организира информативна сесија на која ќе бидат претставени целите на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“, условите за учество во грантовата шема, процесот на селекција, како и методологијата за спроведување на добиените грантови.
Линк за приклучување: https://zoom.us/j/92920448637
Информативната сесија ќе се одржи на 30 мај 2024 година на платформата ЗУМ со почеток во 11 часот.
__________________________________________________________________
Во рамките на овој повик ќе се доделат 4 мали грантови со максимален износ од 3.000 евра по грант. Вкупниот износ на повикот е 12.000 евра.
Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка за 4 (четири) граѓански организации на локално ниво од проектните општини: Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Куманово, Охрид, Струга и Шуто Оризари кои работат кон зајакнување на капацитетите и промовирање на професионалните стандарди на новинарите од локалните медиуми.
Сите детали за повикот проследете ги преку ИНФОРМАТИВНАТА СЕСИЈА.