Донатор: Канадска амбасада во Белград
Времетраење: од 28.11.2023 до 28.02.2024
Општата цел на проектот да го намали и спречи булингот и сајбер булингот врз девојчињата во Северна Македонија преку едукација на младите.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:
- Родова анализа на објави споделени на социјалните мрежи;
- Спроведена анкета меѓу учениците во средните училишта за булинг и сајбер булинг;
- Две фокус групи со девојчиња преку споделување на нивното искуство со булинг и сајбер булинг;
- Три анти-булинг работилници со ученици од средни училишта во Скопје со цел да се едуцираат за спречување на булинг и сајбер булинг врз девојчиња;
- Онлајн кампања за подигање на свеста за булинг и сајбер булинг меѓу учениците во средните училишта.
Очекувани (долготрајни) резултати:
- подигање на свеста за булинг и сајбер булинг меѓу девојчињата, како да се идентификува, спречи и како учениците да се борат против овој негативен феномен;
- родово распределени квантитативни и квалитативни податоци за булинг во училиштата и сајбер-булинг на социјалните медиуми;
- едуцирани 75 ученици за препознавање и спречување на булинг и сајбер булинг;
- создавање препораки засновани на податоци за информирање на креаторите на политики за борба против булингот и сајбер булингот во Северна Македонија.