news-bg

Новости

Проект:
ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 2021

ПРВО ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА

Во рамки на Вечерите на женски права 2021 година, на 24 март Институтот за човекови права одржа онлајн предавање за женските права и нивната важност како и за последиците кои се јавуваат како резултат на нивното непочитување, но и придобивките кои може да ги има целото општество со почитување на истите. Првото предавање се беше во СУГС „Арсени Јовков“. За време на предавањето беа опфатени неколку аспекти поврзани со женските права, најважните документи и конвенции како и жените кои имале огромен удел во достигнувањето на моменталната состојба на женските права.

Вечерите на женски права се под покровителство на Град Скопје и канцеларијата на UN Women Skopje, a во соработка со Award Film & Video.


project-img