news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Покана за доставување на понуда за ангажирање на експерт за изработка на онлајн курс за остварување и заштита на работничките права 4/2024

Институтот за човекови права, во рамките на програмата „Пристап до правда за сите – Годишна работна програма 2024” (финансирана од Европската Унија во рамки на ИПА III програмата за граѓанско општество и медиуми 2022), има потреба од набавка на услуги на експерт за изработка на онлајн курс за остварување и заштита на работнички права, која ќе биде неопходна за успешно реализирање на програмските активности.

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 31.10.2024 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 28.10.2024 година.