news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Извештај: Работата на Управниот суд при одлучување во предмети коишто се однесуваат на социјални права 2024

Институтот за човекови права го објави годишниот извештај за работата на Управниот суд во областа на социјалните права за периодот од јануари до декември 2024 година. Овој извештај ги сумира наодите од следењето на јавните расправи и анализата на судските одлуки поврзани со прашања како што се старосната пензија, родителскиот додаток и правото на помош и нега од друго лице. Извештајот ги нагласува предизвиците со кои се соочуваат ранливите категории граѓани, вклучително лицата со попреченост, самохраните родители и постарите лица, при остварувањето на своите права. Анализата покажува дека постојат значителни пречки, како што се одложувањата на постапките, недоволната транспарентност и неефикасната координација меѓу институциите, кои влијаат врз правната сигурност на граѓаните.

Преку детално разгледување на случаите и примената на законите, извештајот нуди препораки за подобрување на пристапот до правда, зголемување на ефикасноста на судските постапки и зајакнување на транспарентноста. Особено се истакнува важноста од мериторно одлучување и поефективно почитување на судските одлуки, како и потребата за зајакнување на механизмите за заштита на правата на најранливите категории. Овој извештај претставува значаен придонес во напорите за обезбедување правичен и ефикасен судски систем кој ќе ги заштити основните права на сите граѓани.

Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука.

Целосниот извештај на албански јазик е достапен тука.

Целосниот извештај на англиски јазик е достапен тука.

project-img