Извештајот што следи е втор во низата на анкетни извештаи на темата пристап до правда, изработени за потребите на Институтот за човекови права (ИЧП). Првиот таков извештај беше изработен во 2022. Вториот извештај произлегува од анкетата спроведена есента 2025, и воедно споредува дел од резултатите од 2025, со резултатите од 2022.
Првиот дел од овој извештај ги претставува резултатите од анкетата за пристап до правда спроведена во септември и октомври 2025 година.
Вториот дел од извештајот прави споредба на дел од клучните резултати од анкетата од 2022 со анкетата во 2025, и има формат на студија на тренд во почетна фаза. Би биле потребни уште неколку повторувања со редовна периодика (еднаш на 2-3 години) со цел да се добие одредена линија на тренд.
Анкетата спроведена во 2025 користеше идентична методологија со анкетата спроведена во 2022.
Анкетата беше спроведена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.014 полнолетни испитаници, на стратифициран примерок по случаен избор. Анкетата беше спроведена во периодот 20 септември – 5 октомври 2025.
Се врши анализа на влијанието на неколку основни независни варијабли (предиктори) вклучително пол, возраст, етничка припадност, степен на образование, место на живеење (град/село).
Целосниот извештај е достапен тука.