Спроведените анализи се резултат на истражувањето во рамки на проектот „Намалување на родовите стереотипи во образованието“, инициран од Институтот за човекови права, финансиран од Нордиска поддршка за поддршка на Северна Македонија, а со цел да се идентификуваат родовите стереотипи во содржините на учебниците кои се користат во основното образование.
За учебниците се вели дека се „огледало“ на нормите и вредностите на едно општество, кои можат да бидат и политичко средство со селектирање, испуштање или искривено прикажување на содржините (Bašaragin, Savić, 2016). Оттука, присуството на родови стереотипи во учебниците, може да биде основа за дискриминаторски практики и одржување на нерамноправната положба на жените во општеството.
Анализите се достапни на линковите подолу: