projects-bg

Тековни проекти

ДИГИТАЛНИ ПРАВА ЗА СИТЕ: АКАДЕМИЈА ЗА ПРИВАТНОСТ И ОНЛАЈН БЕЗБЕДНОСТ ЗА ДЕЦА


Донатор: CIVICUS civil society alliance & Фондацијата Метаморфозис

Времетраење: 15.4.2026 – 14.10.2026

Општа цел: Општата цел на проектот е развој интерактивен онлајн курс во рамките на ИЧП онлајн академијата за човекови права, фокусиран на дигиталните права, заштитата на личните податоци и безбедното учество во дигиталниот простор. Курсот ќе биде директно дистрибуиран преку воспоставената мрежа на ИЧП од основни училишта, вклучувајќи рурални и етнички разновидни училишта, со цел да се обезбеди инклузивен пристап.

Специфични цели:

  • Да се зголеми свеста и знаењето кај децата (8–14 години) за заштитата на приватноста, личните податоци и дигиталните права. 
  • Да се зајакне отпорноста кон сајбер-булинг, родово базирано насилство на интернет и дигитална дискриминација. 
  • Да се промовира безбедно, инклузивно и на правно засновано учество во дигиталниот простор кај ранливите млади лица. 
  • Да се обезбедат пристапни дигитални алатки за учење за човековите права во дигиталната сфера за училиштата.

Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Дизајнирање и развој на содржината на курсот.
  • Пилот-тестирање и промоција во 2 основни училишта (урбано и рурално).
  • Официјално објавување на онлајн курсот.
  • Дисеминација до основните училишта ширум земјата.
  • Онлајн промотивна кампања.

news-bg

Новости

post-img

Aкадемијата за приватност и онлајн безбедност за деца

Повеќе
post-img

РАБОТИЛНИЦИ „МОИ ПРАВА И ПРИВАТНОСТ НА ИНТЕРНЕТ“

Повеќе