projects-bg

Реализирани проекти

„Независен Судски совет на Република Македонија - стремеж и предизвици“ дел од „Мрежа 23“

1 ноември 2014 - 30 април 2015

Цел на проектот

Целта на проектот беше да придонесе кон зголемување на независноста, објективноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Макеоднија (ССРМ) преку намалување на влијанијата при вршењето на неговите уставни функции.

Активности

* Мониторинг на Судски Совет на Р.Македонија (ССРМ)

* Анлизирање на законите кои ја обработуваат оваа материја и практичната примена на законските норми од страна на Судски совет на РМ (ССРМ), согласно нивната надлежност.

* Спроведување интервјуа со неизбрани кандидати за судии, со разрешени судии, судии против кои се воделе дициплински постапки и пензионирани суди, како и доставување на прашалици до сите членови на Судски совет на РМ (ССРМ).

* Спроведување на телефонска анкета во насока на „мерење“ на перцепцијата на граѓаните за функционирањето на ССРМ.

* Изготвување на конечна Анализа на независноста на судски совет на Република Македонија – стремеж и предизвици (тука)

Проектот бешe финансиран од страна на Институт за европска политика во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права на Р. Макеоднија и Центар за управување со промени, а со финансиска помош од Европската Унија ИПА 2013/333-780. Вкупен буџет на проектот: 5.700 €    

       

news-bg

Новости