news-bg

Новости

Проект:
НАМАЛУВАЊЕ НА РОДОВИТЕ СТЕРЕОТИПИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Зошто родова еднаквост?


Образованието на децата од најрана возраст е клучно за постигнување на родова еднаквост, а нивните наставници и професори имаат важна улога во неговото спроведување. Добро обучениот кадар и соодветни учебници се основата врз која треба да се гради родовата еднаквост.

Постигнувањето на родова еднаквост во Северна Македонија е предизвик кој во значајна мера зависи од политичкото приоретизирање на родовата еднаквост, издвојувањето на соодветни буџетски финансиски средства за постигнување на оваа цел, како и ефективна и посветена институционална координација.

Индексот на родова еднаквост во Северна Македонија за 2015 година изнесува 62 од можен максимален резултат 100.
Споредено со просечната вредност на Индексот на родова еднаквост на земјите членки на ЕУ (ЕУ-28), Северна Македонија заостанува со 4.2 поени и се вбројува меѓу земјите членки на ЕУ кои се под просекот на Европската Унија. - Индекс на родова еднаквост за Северна Македонија

Индексот на родова еднаквост во Северна Македонија за 2015 година изнесува 62 од можен максимален резултат 100.