news-bg

Новости

Проект:
СЕКСУАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И РОДОВ ИДЕНТИТЕТ (СОРИ) - ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Втора работилница за ученици и студенти

Институтот за човекови права, во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација “спроведува девет (9) работилници во средните школи и факултетите во земјата. Ваквите обуки имаат за цел намалување на стереотипите и предрасудите, зголемување на толеранцијата и сузбивање на врсничкото насилство и сајбер булингот.

Втората работилница се одржа на 2ри ноември 2020 година во средното училиште „Никола Карев“, а предавачи беа Неда Чаловска и Кренар Ѓоку. За време на работилницата учесниците имаа шанса да ги искажат своите дилеми и сфаќања поврзани со сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како и да дознаат за разните механизми за заштита на себеси и своите соученици доколку се соочат со дискриминација, врсничко насилство и сајбер булингот.