На 25 ноември 2025 година беше одржан вториот состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда на кој учествуваа претставници од: Вишиот Управен суд, Управниот суд; Државната комисија за одлучување во управна постапка постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен; ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје; Фонд за пензиско и инвалидско осигурување; претставници од правните клиники основани во рамките на правните факултети во државава и претставници од граѓанските организации кои работат во областа на административна социјална правда.
На овој состанок се дискутираше за потребата од воедначување на управната и судската практика, за мериторното одлучување на Управниот суд и други прашања кои ја засегаат управната постапка пред органите и постапката по поведен управен спор пред Управен суд.
------------------------------------------------------------------------------------
Оваа активност е дел од проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европска унија во рамки на NDICI-THE-NEAR /2024/461-234 програмата за човекови права и демократија, а го спроведува Институтот за човекови права.