news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Водич за остварување социјални права во управни постапки

Овој водич е наменет за оние граѓани кои сакаат да ги остварат своите социјални права. Цел на Водичов е да Ви помогне:

  • да разберете како функционира постапката;
  • да избегнете грешки; и
  • да ги заштитите Вашите права.

Но, пред сѐ, зошто е потребен овој Водич?

Дел од своите права, како што се правото на социјална помош, правото на пензија, гарантираната минимална помош, различните надоместоци, додатокот за дете, помош и нега од друго лице, старосна и инвалидска пензија, професионална рехабилитација и други права, ги остварувате преку институциите.

Овој Водич објаснува:

  • Каде да се обратите;
  • Како да поднесете барање;
  • Кои се Вашите права во постапката; и
  • Што да направите ако не сте задоволни од одлуката.

Цел на Водичов е да Ви помогне полесно, побрзо и појасно да ги остварите Вашите права.

Водичот е достапен на македонски и албански јазик.

project-img project-img