На ден 12.12.2024 година во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ беше одржана обука со ученици од деветто одделение на тема превенција, препознавање и санкционирање на врсничкото насилство. Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, но и на обврските и одговорностите на децата согласно Законот за правда на децата, додека пак психологот посвети внимание на препознавањето на врсничкото насилство и неговото влијание врз менталното здравје при што учениците
беа вклучени во дискусијата со цел да изнесат свои размислувања за тоа што претставува врсничко насилство и за штетните последици.
Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар на која се разви дискусија за мерките кои што треба да се преземат и како да се работи со децата со цел да се превенира врсничко насилство, кој пристап да се избере, како и каде да се пријават случаите на врсничко насилство. Родителите и претставниците од наставниот и стручниот кадар од училиштето беа активно вклучени во дискусијата и покажаа отворен интерес да се разговара на оваа тема со цел намалување на бројот на случаи на врсничко насилство.
Овој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје и спроведуван во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје.