Со големо задоволство ги објавуваме резултатите од неодамнешниот повик за регрантирање во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиски поддржан од Европска унија.
Најпрво, сакаме да изразиме огромна благодарност до сите граѓански организации кои покажаа интерес за овој повик. На повикот аплицираа дури 54 организации со исклучително квалитетни и инспиративни предлог-проекти.
По детална евалуација, избрани се следниве организации:
Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп
Проект: „Правна поддршка и едукација за социјални права на ранливи граѓани во Пелагонискиот регион“
Асоцијација Институт за социјална промена – ИнСоК, Тетово
Проект: „Млади Роми за социјална интеграција и административна правда“
Центар за европска граѓанска иницијатива Кочани
Проект: „Подобрување на остварувањето на правата во социјалната сфера на лицата со попреченост и на родителите/старателите на лицата со попреченост“
Им честитаме на грантистите и им посакуваме успешна имплементација. На останатите апликанти им благодариме за времето и трудот и ги охрабруваме да продолжат со својата важна работа.