news-bg

Новости

Проект:

Реакција - Граѓански организации

Ние долупотпишаните граѓански организации, остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување.

Изјавата на Премиерот, вклучително и неумесното „извинување“, освен што се навредливи и дискриминирачки, поттикнуваат хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата. Се доведува во прашање доследното спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, и се поставува прашањето дали досегашните заложби за  унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални.

Воедно, сметаме дека е крајно неприфатливо со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување. Инсистираме Владата и Премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои Владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење. 

Системот на вредности кој сакаме да го негуваме во Република Северна Македонија како идна членка на НАТО и ЕУ, во ниту еден случај не дозволува ваков дискурс кој ги доведува во прашање безбедноста на граѓаните и слободата на изразување.


1. Фондација Отворено општество – Македонија

2. Здружение Хелсиншки комитет за човекови права 

3. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 

4. ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување

5. Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија

6. Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје

7. Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

8. Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје

9. Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница-РОМАНО ЧАЧИПЕ (РЧП)

10. Центар за современи уметности – Скопје

11. Рурална Коалициjа

12. НВО Инфоцентар

13. Здружение Национален Ромски Центар 

14. Здружение ХОПС - Опции за здрав живот Скопје

15. Коалиција “Сите за правично судење” 

16. Здружение за унапредување на родовата еднаквост - Акција Здруженска Скопје

17. Институт за човекови права 

18. НВО КХАМ – Делчево 

19. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ 

20. Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје

21. Контрапункт - асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички и критички практики, Искра Гешоска, Претседателка 

22. МЕТАМОРФОЗИС – Фондација за интернет и општество

23. Македонско здружение на млади правници

24. ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје

25. Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје

26. Институт за демократија ИДСЦС

27. Реактор – Истражување во акција


преземено од: http://www.fosm.mk/mk/Home/NewsAndActivity?newsID=12799&catID=7