На 9 јули 2025 година, Институтот за човекови права, во соработка со ASDO Албанија и Институтот за европски политики, а со поддршка од Civic Innovation Hub, организираше работилница на тема Пристап заснован на човекови права (HRBA) во Општина Берово.
На настанот учествуваа 14 претставници од општинските сектори за социјални услуги, урбанизам, даноци и други области. Целта на работилницата беше да се зајакне разбирањето на Пристапот заснован на човекови права кај општинските претставници, да се претстави концептот на „Градови на човековите права“, да се разгледаат можностите за приклучување кон вакви иницијативи и да се презентираат релевантните национални и меѓународни правни рамки.
Преку презентации, практични примери и отворени дискусии, учесниците идентификуваа потенцијални можности за интегрирање на човековите права во локалните политики. Работилницата ја нагласи важноста на вградување на вредностите на човековите права во локалното управување за да се обезбеди инклузивност, транспарентност и отчетност.