news-bg

Новости

Проект:
АКЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ЕФЕКТИВНОСТ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РСМ

Работилница за комуникациските потреби и капацитети на членовите на ССРСМ

На 3ти и 4ти октомври во Охрид се одржа Работилница за комуникациските потреби и капацитети на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Членовите на Судскиот совет на оваа работилница ги изнесоа своите дилеми во врска со нивните односи со јавноста и како треба да постапуваат во одредени ситуации, а со цел да бидат потранспарентни и да се доближи Судскиот совет со општата јавност. За потребите на Судскиот совет е изработен и прирачник за односите со јавноста и ефективното комуницирање на ССРСМ. Во прирачникот се опфатени теми во врска со лицето/тимот задолжено/и за односите со јавност, обработени комуникациските алатки и детално се обработени истите, внатрешната и надворешната комуникација, односите со медиуми и ефективно презентирање. 


project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img