news-bg

Новости

Проект:
ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА МИКРО-ПРЕТПРИЈАТИJA НА ЖЕНИ ВО ПРЕКУГРАНИЧНАТА ОБЛАСТ

Претприемачки против КОВИД - 19

Институтот за човекови права во рамките на „Проект за развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“ финансиран од делегацијата не ЕУ кој се спроведува во прекуграничната област Елбасан и Полог, се вклучи во борбата против новиот вирус КОВИД 19 и ублажување на последиците од него. 

Со цел да се помогне на здравствените работници и загрозените групи на граѓани во двата региони, но и да се зајакнат капацитетите за производство и продажба на жените претприемачки кои се дел од овој проект, тимот на проектот алоцираше средства за изработка на заштитни маски за лице, 3Д визири за лице и сапуни за хигена. 

Сите производи кои ќе бидат изработени од фирмите ангажирани во оваа акција ќе бидат донирани во здравствените установи, полицијата и ризичните групи на граѓани, со тоа даваме придонес кон заштитата на граѓаните и спречувањето на ширење на епидемијата. Дополнителен бенефит е финансиската поддршка (како надомест за извршената работа) која ќе ја добијат овие фирми како резултат од нивната вклученост во акцијата, со што овој проект директно влијае и на нивната ликвидност при значителниот пад на деловниот сектор во време на големи рестрикции како резултат на борбата со овој вирус. 

Институтот во рамките на Сервисот за правна и економска поддршка ќе изработи online Прирачник за формирање и водење на бизнис, чија цел е да го зголеми знаењето помеѓу малите и средните претпријатија односно претприемачките, кои поради ограничените средства можеби не се во можност во вакви услови да ангажират правен или финансиски консултант за да добијат совет за законската регулатива и можностите кои ги имаат.

project-img project-img