news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Правен дијалог бр. 31

Во овој број ќе можете да прочитате повеќе за превенцијата од секундарна виктимизација, како правосудниот систем се однесува кон жртвите на трговијата со луѓе и дали постапувањето навистина обезбедува заштита или, напротив, создава нови облици на страдање. Авторите пишуваат и за организираниот криминал и можностите за негово откривање и сузбивање на недозволената трговија со дрога и оружје. Со цел да дознаете повеќе за квалитетот на воздухот, прочитајте го трудот кој ги презентира предизвиците од новата ЕУ директива за квалитетот на воздухот. Особено нè радува фактот што има сè повеќе автори кои пишуваат на теми поврзани со заштита и унапредување на човековите права на лицата со попреченост кои во никој случај не смеат да бидат заборавени и маргинализирани од општеството. Од оваа причина внимателно прочитајте ги трудовите кои се однесуваат на еднаквоста и достоинството на лицата со попреченост во здравствениот систем како и заштитата на животната средина преку едукација на децата со интелектуална попреченост.

Прочитајте го новото издание на овој линк > Правен дијалог бр. 31

project-img