news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИТЕ ФАКУЛТЕТИ НА УКИМ И УКЛО

Обука на тема: „Административна социјална правда“

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на студенти од правните факултети на обука која ќе се одржи во периодот 29 јуни – 1 јули 2026 година во Охрид.


Кој може да се пријави?

Право на пријавување имаат студенти кои се на последни години на додипломски студии или на мастер студии од:

  • Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и
  • Правниот факултет – Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Предност ќе биде дадена на студенти од мастер студии по административно право.


Обуката има за цел да ги зајакне знаењата на студентите за:

  • меѓународните стандарди за административна и социјална правда;
  • управната постапка и нејзините основни начела;
  • управните спорови и судската заштита на правата;
  • пристапот до правда и заштитата на социјалните права во административните постапки;
  • начин на водење на обука и споделување на знаења;
  • управни постапки и спорови и искуства од земјите од регионот.

Обуката ќе биде реализирана од експерти од областа на управното право и човековите права, преку интерактивни предавања, практични вежби и дискусии. На оваа обука предвидени се сесии со регионални професори по административно право.


Начин на пријавување:

Пријавите се испраќаат со пополнување на следната форма: https://forms.gle/EAkrJfW9FerGxqcH7


Рок за пријавување:

Крајниот рок за доставување на пријавите е 21 јуни 2026 година.

Изборот на учесниците ќе се врши според принципот „прв пријавен – прв услужен“, сѐ до пополнување на расположливите места.