Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за учество на студенти од правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ на тридневна обука која ќе се одржи на 3 и 17 декември 2026 година во период од 09:00 до 12:00 часот во Штип.
Третата сесија ќе се одржи онлајн.
Право на пријавување имаат студенти кои се на додипломски студии или на мастер студии.
Предност ќе биде дадена на студенти од мастер студии по административно право.
Обуката ќе биде реализирана од експерти од областа на управното право и човековите права, преку интерактивни предавања, практични вежби и дискусии. На оваа обука предвидени се сесии со регионални професори по административно право.
Пријавите се испраќаат со пополнување на следната форма: https://forms.gle/poMuAe378q9rdevY8
Крајниот рок за доставување на пријавите е 1 декември 2026 година.
Изборот на учесниците ќе се врши според принципот „прв пријавен – прв услужен“, сѐ до пополнување на расположливите места.