news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

Повик за истражувачки стории

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, заедно со Институт за човекови права и Медиум, во рамките на проектот „Заедно во борба против корупцијата“, поддржан од Европската Унија, објавува повик за изработка на новинарски текстови од жанрот на истражувачкото новинарство на тема БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА. 

Буџетот со кој ќе располагаат избраните кандидати изнесува 1350 евра (во денарската противредност) по сторија.

На овој повик ќе бидат избрани предлозите на тројца кандидати. Кандидатите можат да бидат вработени новинари, слободни новинари или активисти на граѓански организации. Еден кандидат може да учествува со максимум една предлог сторија. Наредните две години ќе бидат објавени уште четири повици.

Изборот го врши Комисија со бодување на апликациите, врз база на барањата наведени во онлајн апликацијата.

Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Рокот за изработка на сториите е три месеци од денот на потпишување на договорот со избраниот кандидат.

Повикот трае до 2 декември 2018 година. Се прифаќаат само пријави поднесени преку контакт формата подолу заклучно со 20 часот на 2 декември 2018 година.

Сите пријави по овој термин ќе бидат ОТФРЛЕНИ.