news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ВРЕМЕ НА КОВИД-19 КРИЗАТА

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ За ангажирање на експерт за изготвување на документ за јавни политики 1/2022

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 1/2022

За ангажирање на експерт за изготвување на документ за јавни политики 

 

Институтот за човекови права (ИЧП) во рамките на проектот „Пристапот заснован на човекови права за време на КОВИД-19 кризата” финансиски поддржан од Балканскиот труст за демократија, проект на Германскиот Маршалов Фонд на САД и УСАИД има потреба од набавка на услуги за ангажирање на експерт за изготвување на документ за јавни политики во кој преку примена на пристапот заснован на човекови права ќе се анализираат одлуките поврзани со здравствената криза, последиците од нив и наметнатите рестрикции. Воедно, ќе бидат дадени препораки со цел да се подобрат владините мерки во иднина.

- Линк до повикот можете да најдете овде

Понудите се доставуваат во електронска форма на е-поштата vesna.stefanovska@ihr.org.mk, со назнака: „Примена на пристапот заснован на човекови права за време на КОВИД-19 здравствената криза”.

Краен рок за доставување на понудите е до 4.02.2022 година. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-поштата на vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 02.02.2022 година.