news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИТЕ ПРОТИВ ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО

Повик за ангажирање на експерт за подготовка на текст за памфлет и инфографици 1/2024

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „ Младите против врсничко насилство” (финансиран од Амбасадата на САД во Скопје) има потреба од ангажирање на експерт за подготовка на текст за памфлет и инфографици, кои ќе бидат неопходни за успешно реализирање на целите на проектот.

Подетален опис на услугите е даден во проектната задача и повикот:

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-маил: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 30.10.2024 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 28.10.2024 година.