Институтот за човекови права продолжи со редовно набљудување на јавните расправи пред Управниот суд во предмети коишто се однесуваат на социјалните права. Цел на оваа активност е да се анализира пристапот до административната правда за сите граѓани, со посебен осврт на маргинализираните и ранливите групи граѓани (приматели на социјална помош, лица со попреченост, Роми, самохрани родители, повозрасни граѓани и слично).
Нашите наоди укажуваат на сериозни системски проблеми:
- Предмети стари по 2 години сè уште чекаат одлука – дури 30 од следените 65 случаи се од 2023 година;
- Граѓаните тешко доаѓаат до судот – и физички и институционално. Недостасува помош, информации и дигитална поддршка;
- Управните органи често не ги почитуваат судските пресуди – се носат нови решенија без суштински измени;
- Препорачуваме итно зголемување на капацитетите на судот и органите, подобрување на транспарентноста и развој на алатки кои ќе им помогнат на граѓаните полесно да се снајдат во постапките.
Целосниот извештај на македонски јазик е достапен тука.