Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда” (финансиран од ЕУ) има потреба од ангажирање на експерт/ка за развој на методологија.
Подетален опис на задачата е даден во повикот и проектната задача.
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-маил: vesna.stefanovska@ihr.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е до 23.2.2025 година.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на поканата и проектната задача, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 20.2.2025 година.