news-bg

Новости

Проект:

Одликување на г-а Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права

Денес на претседателката на Институтот за човекови права, г-а Маргарита Цаца Николовска, и беше доделено одликувањето Витез од Редот на Легијата на честа од страна на Амбасадорот на Франција, Неговата Екселенција Сирил Бомгартнер. Станува збор за највисоко одликување на Француската Република коешто г-а Маргарита Цаца Николовска го доби како заслуга за својот придонес во највисоките инстанции во правосудството во нашата земја и во меѓународните судови – Европски суд за човекови права и Уставниот суд на Босна и Херцеговина, како и за нејзиниот придонес кон остварувањето и заштита на човековите права и слободи преку владеење на правото во нашата држава.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img