news-bg

Новости

Проект:

Меѓународен ден на човековите права 2022

Денес се потсетуваме на важноста на човековите права и нивната примена, за обезбедување на еднаква правда, можности и достоинство без дискриминација за сите! 
Институтот за човекови права останува посветен во промоцијата и заштита на човековите права преку едукација, застапување и овозможување на бесплатна правна помош за заштита на правата и обезбедување на пристап до правда на оние на кои им е најпотребна. 


Зошто е значаен 10 декември и дали ние како човечки битија сме свесни за свои права и одговорности?

На овој ден, во 1948 година, усвоена е Универзалната декларација за човековите права од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации како резултат на Втората Светска Војна и последователните злосторства на коишто човештвото било сведок. Универзалната декларација за човековите права претставува пресвртница во историјата на човековите права како документ подготвен од страна на претставници со различно правно и културно потекло од сите региони во светот. Со овој историско значаен документ, составен од 30 члена, нашите основни права се универзално заштитени и низ историјата е признаен како инспирација за усвојување на уште многу договори кои денес се применуваат на глобално и регионално ниво. Според член 1 и 2 од Декларацијата, сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинство и права, при што секој има право на сите права и слободи наведени во оваа Декларација, без каква било разлика, како што се раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, имот, раѓање или друг статус.1 Поради важноста на овој документ, секоја година, на 10 декември, Обединетите Нации и земјите членки го одбележуваат денот на усвојувањето на Декларацијата или денот на човековите права преку организирање на кампањи со различни теми. Целта на овие кампањи е нагласување на основите човекови права на секој човек, како и ширење на свесноста и промовирањето на правата и слободите наведени во Универзалната декларација за човековите права. За таа цел, темата на овогодишната кампања за промовирање и признавање на 75-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, која е планирано да биде прославена на 10 декември, 2023, почнувајќи од овогодишниот ден е ’Достоинство, Слобода и Правда за Сите,’додека повикот за учество е #StandUp4HumanRights.2 Едногодишната кампања се очекува да ја прикаже Декларацијата со фокусирање на нејзиното наследство, релевантност и активизам користејќи го горенаведениот слоган и да ја зголеми глобалната свест за Декларацијата преку промовирање на универзалноста на човековите права, поттикнувајќи ги сите, особено младите луѓе, да се залагаат за човековите права.3





 

1Универзална Декларација за Човекови Права, https://www.un.org/en/about-us/universal-declaration-of-human-rights 

2Обединети Нации, https://www.un.org/en/observances/human-rights-day 

3Канцеларија на Високиот комесар за човекови права на ОН, https://www.ohchr.org/en/get-involved/stories/udhr-75-dignity-freedom-and-justice-all 

project-img project-img