На ден 03.02.2020 беше одржана прес-конференција во рамки на проектот Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РСМ. Прес-конференцијата беше модерирана од д-р Јасмина Миронски, ПР експерт, а говореа претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев и претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска. На настанот беа презентирани и главните наоди, проблеми и препораки кои ги има детектирано Институтот за човекови права преку мониторинг на работата на Судскиот совет во 2019 година.