🌟🎥 Во јуни, пред крајот на учебната година, во Занаетчискиот дом Куманово имавме привилегија да организираме уште една инспиративна кино вечер со учениците од СОУ „Перо Наков“. Присутните уживаа во проекцијата на филм кој не само што инспирираше и насмеа, туку и ги натера младите да размислуваат подлабоко за тоа како можат да станат катализатори на позитивни промени – во нивните училишта и во општеството!
🙌 На оваа вечер беше проектиран филмот „Freedom Writers“, инспиративен филм кој го прикажува влијанието на инклузијата и трансформативната моќ на образованието. Овој филм овозможува секој средношколец да се стекне со подлабоко разбирање за важноста од создавање инклузивни средини каде секој се чувствува ценет и почитуван.
💬✨На крајот од вечерта, имавме плодна дискусија поврзана со темите од филмот како и размислувања за тоа како можеме да поттикнат вклученост во нивните сопствени училишни заедници. Учениците ги споделија своите размислувања за улогата на креативноста и активизмот во секојдневниот живот и како можат да придонесат за поинклузивна и поправедна заедница.
#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans
-------------
Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
@UNDP in Europe and Central Asia
@UNDP MK
@Delegation of the European Union, Skopje
📸 @Foto PLUS Kumanovo