🏫 Пред крајот на училишната година, Институтот за човекови права организираше три кино вечери со ученици од средните училишта од Скопје, Тетово и Куманово. На овие настани присуствуваа повеќе од 100 ученици, кои искажаа огромен интерес и желба за промени во однос на инклузијата во нивното училиште. 🙌
🎥 Во јуни се одржа кино вечер во Јавна Соба, Скопје, кој беше навистина инспиративен настан! Учениците од СМУГС „Панче Караѓозов“ и СУГС „Димитар Влахов“ ни се придружија на проекцијата на филм на тема „Активизам преку креативност“, по што следеше дружба и интерактивна дискусија за важноста на инклузивноста, различноста и еднаквоста во општеството. 💬
🎨 Во текот на оваа вечер, средношколците ги истражија моќните начини на кои креативноста може да го поттикне активизмот и да биде двигател на општествените промени. Преку инспиративен филм и плодни дискусии, добија нова перспектива за тоа како можат да бидат катализатори на позитивни промени во училиштето и во општеството. 🎬
✨ Еден од највозбудливите моменти беше гласањето за омилената уметничка креација, изработена од нашите талентирани средношколци, кои учествуваа на конкурсот со цел да ја поттикнат свеста и дијалогот на овие важни теми. 🖼️
#ConfidenceBuilding #EUsupport #WesternBalkans
-------------
Проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ на Институтот за човекови права се спроведува во рамки на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
@UNDP in Europe and Central Asia
@UNDP MK
@Delegation of the European Union, Skopje
📸 @Violeta Ognenovska